(ВИДЕО) Владина делегација на комеморативна седница во Општина Врапчиште

Од:

Владина делегациија составена од министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, за транспорт и врски, Горан Сугарески и Зорица Апостолска, министер без ресор задолжена за странски инвестиции, денеска присуствуваше на комеморативна седница во Општина Врапчиште за загинатите во вчерашната сообраќајна несреќа, што се случи во близина на село Ласкарци, на автопатот Скопје-Тетово.

– Примете искрено сочувство за загинатите од име на Владата и од мое лично име. Нека почиваат во мир. Длабоко сочувствуваме со вашата болка и голема загуба. Земјата е во тага, ова е голема трагедија за целата наша држава. Ќе направиме се што e можно, да ги поддржиме сите семејства на загинатите сограѓани. Грижата нема да ги замени тагата и болката, но поддршката е потребна за да продолжите понатаму. Тоа е почит кон починатите и наша заложба да ви помогнеме вам, нивните семејств, им порача Николовски на семејствата на загинатите и посакувајќи што поскоро опоравување на повредените.

Во несреќата што се случи вчера на автопатот Скопје-Тетово загинаа 14 лица, а 37 се повредени. Двајца од починатите и тројца од повредените во сообраќајната несреќа се од Општина Врапчиште.

– Со жалост ја примив веста за трагичниот настан што се случи вчера. Дел од патниците се и граѓани од нашата општина. На повредените им посакувам здравје, а на фамилиите на загинатите им пренесувам сочувство од мое име, од име општинската администрација, од Советот и сите граѓани на Општина Врапчишт, рече на комеморацијата градоначалникот на Општина Врапчиште, Исен Шабани.

Би можело да ве интересира

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези

Владата бара разрешување на државниот обвинител Коцевски

Горан Наумовски

СДСМ: Нема бегање Томовски, фактите се јасни, потврдени со документи и јавно објавени

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски започна реконструкцијата на Владата, вчера зборуваше повторно за избори

Горан Наумовски