(ВИДЕО) Владејачките партии се уште се обидуваат да крадат и да вршат насилство

Од:

За сите неправилности во позадина стојат многу пари, ваквите диктаторски режими ги користат парите кои за нив изгледаат најевтини, а тоа се парите на граѓаните, смета дополнителниот заменик министер за финансии, Кире Наумов.

Тој вели дека во Македонија пред секои избори години наназад милиони државни пари се трошат за да владејачката партија може да победи, а тоа се споменува и во проектот „Вистината за Македонија“.

– Кратко ќе ви кажам дека сите години кога би ги наредиле трошењата на јавните пари во годините кога имало избори, најчесто во првите неколку месеци, 60 до 70 проценти од дефицитот се троши во тој период, за разлика од тоа што во други години кога нема избори, тоа не е случај. Истото го имаме и сега, се сложувам дека недоволно сме успеале да го спречиме тоа, смета Наумов.

Според Џабир Дерала од Цивил, тие 10 месеци барале формирање на експертска влада која би добила минимум 12 месеци за чистење на канцерозните состојби на демократијата и правниот систем во Македонија.

Тој вели дека со низа снимки, докази и факти покажувале жестока злоупотреба на се што се подразбира под јавен интерес.

– Структурното насилство, заканите, поткупот продолжуваат со несмалено темпо и тоа го гледаме на терен. Веќе имаме распоредено набљудувачи, тие го јавуваат исто. Нашите набљудувачи го јавуваат истото, пред договорот, по договорот и по поместувањето на изборите. Арогнатно се крши договорот, смета Дерала.

Според Рамадан Рамадани, на 6 јуни може да се одржат фер и демократски избори, но со исполнување на договорот од Пржино. Тој вели дека ако сега се зборува единствено за кредибилни избори, некогаш се зборувало и за признаени избори.

– Моментот кој е важен и кој го видовме од првата акција на СЈО е големите изборни измами, значи ние не може да мслиме дека тие измами ги направиле само Никола Груевски и ДПМНЕ, туку и владиниот ортак во цело тоа време, смета Рамадани.

Пратеничката на СДСМ, Лидија Димова вели дека не е битно дали изборите ќе бидат на 5 јуни или друг таму, туку да има минимум услови за фер и демократски избори.

– Одложувањето на изборите беше инструмент да се покаже дека ќе останат живи и активни и договорот од Пржино и извештајот од Прибе и дека за меѓународната заедница и за сите останати и за невладините организации пред се е важна суштината, а не самите рокови за да има кредибилни избори, смета Бојан Маричиќ.

Тој вели дека спроведувањето на договорот ги диктира темпото и роковите, како и дека нема крупни промени од 26 февруари, денот на поместувањето на изборите до денес.

Според Дерала, Избирачкиот список се претворил во алатка за нелегитимно задржување на власт, и злоупотреба со бескраен магичен круг на притисоци. Според него, зграда со два влеза била забележана во избирачкиот список како зграда со 6 влеза, во која живеат фантомски гласачи.

– Сега е во тек нашата истрага, има исти броеви на истата улица, имате број 2 на почеток и на крај на улицата, не знаете кој каде е населен и колку луѓе има. Дознаваме дека на тие проблематични адреси се наоѓаат дури и стотици гласачи за кои претпоставуваме дека се фантоми, рече Дерала.

Тој ги спомена и гласачите од Пустец, и кажа дека тие гласале во Ресен, Битола, Прилеп, Велес и во неколку општини во Скопје, а Цивил разговарале со нив, кои биле преплашени и барале да останат анонимни.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

На овие избори во најголемиот дел работите ќе се решат уште во првиот круг, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно

Станивуковиќ со поддршка за Додик: „Процесот е политички наместен“

Предраг Петровиќ

Државната каса била главен спонзор за изборните кампањи на Парламентарните избори 2024 година

Орбан: Ќе победиме на следните избори, нема сомнение