(ВИДЕО) Ветераните на ВМРО-ДПМНЕ: Оставка на Груевски и вонреден конгрес на партијата

Од:

Ветераните на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои се и основачите и првото раководство на партијата, по завршувањето на денешниот состанок, побараа претседателот на партијата, Никола Груевски, да си даде оставка и да се формира тело што ќе спроведе вонреден конгрес за избор на нов лидер, со нови раководни органи. Како што изјави Илија Димовски – Шаторот, првиот градоначалник на Прилеп и еден од најстарите членови на партијата, ветераните донеле пет заклучоци, кои ќе бидат доставени до раководството на партијата. Меѓу тие заклучоци, како што рече тој, е и дека одлуките на ова раковство не се валидни затоа што против повеќето од нив се водат судски постапки.

„Против голем дел од членовите на сегашното раководство се водат повеќе истражни и судски постапки и затоа сметаме дека ова раководство не е во состојба да носи одлуки што се од интерес на партијата и државата. Тие за нас нема да претствауваат валидни акти“, рече Димовски.

Инаку, инфилтрирана група луѓе им пријде на медиумите и рече дека не се согласува со мнозинството ветерани на состанокот. Еден од нив беше Тане Марковски од Охрид, кој по завршувањето на состанокот се претстави дека е против овој собир и дека дошол да каже дека го поддржува Груевски.

„Ние сме меѓу првите луѓе што се боревме и ги издржавме шибањата на СДСМ и затоа сега нема да дозволиме никој да не разубеди дека ова не е нивно масло. Не се согласувам со заклучоците изнесени овде и го поддржувам Груевски за лидер“, рече Марковски.

Ветераните бараат и поголемо учество и вклучување во органиите на партијата преку формирање унија на ветерани. Тие, всушност, побараа да се укине досегашниот Совет на ветерените, кој бил формиран со консензус на ветераните и целосно бил дискринминиран и маргинализиран од оваа раководство.

Инаку, како членови ветерани на ВМРО-ДПМНЕ се регистрирани околу 40.000.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните да бидат спокојни, нема да одиме по стапките на СДС и ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: ССМ и Трендафилов одбија 40 отсто зголемување на платите

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО прави ново движење за создавање контролирана и раситнета опозиција

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски

„За ВМРО-ДПМНЕ нема подобро решение од Венко Филипче – проблемот е што тој е штетен за Македонија“, реагираат од владејачката партија

А1он

(ВИДЕО) Стојаноски: СДС и ДУИ наместо да се надминат себе си, одлучија да тераат инает

А1он