ВИДЕО: Верифицирани и мандатите на опозицијата

Од:

Без 34 пратеници на опозицијата и едниот пратеник на НДП се одржа конститутивната седница на новиот парламентарен состав. И покрај известувањата од опозицијата дека се откажува од мандатите, Верификационата комисија утврди дека се избрани 123 пратеници, а откажувањето на мандатите како што беше протолкувано, не може да биде прифатено. Верификувани се сите 123 мандати, а пратениците можат да дадат оставки на функциите.

Согласно извештајот на ДИК неоспорно е дека коалицијата околу СДСМ како и пратеникот на НДП се избрани за пратеници на предвремените избори, но потребна е писмена согласност на кандидатот, која што е неотповиклива, беше кажано во Собранието.

По Верификационата комисија, следува избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, која може да предложи претседател на Собранието од редот на пратениците. Претседател на Собранието можат да предложат и најмалку дваесет пратеници. За да биде избран претседател на Собранието потребни се 62 гласа.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги