(ВИДЕО) Велковски: Каде се ветените проекти во општина Аеродром?

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Аеродром на Сојузот за иднина, Диме Велковски вечерва порача дека осум години се трошат народни пари за шминка.

Половина од клучните проекти кои Ивица Коневски ги вети, не се остварени. Ќе ни кажеш ли Ивица каде е ветената гасификацијата, реконструкцијата на патот помеѓу Горно и Долно Лисиче, каде се двете основни училишта, каде се ветените индустриски зони во Аердорм, покриениот базен и салата за зимски спортови? Сите знаеме дека одговори нема да добиме, наместо тоа добивме фактури за огромни суми на пари потршенио за шминкање на општината-130 милиони денари за партерно уредување на парковите, 6 милиони денари само за шанкови на паркот Писта, 12 милиони денари за споменикот Јане Сандански и повеќе од 1 милион денари уметнички хонорар за истиот споменик.

Ајде Ивица овие работи јас и ти да ги расчистиме на дуел, бирај медиум место и време за да видат граѓаните. Никој од нас не заслужува да живее во општина каде вистинските приоритети се ставени на последно место, порача Велковски.

Би можело да ве интересира

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

Анкети: Екстремно десничарската Партија на слободата на Австрија победи на изборите

ВИДЕО: Го натераа Џо Бајден да стави капа „Трамп 2024“

Единствена Русија прогласи победа на регионалните избори