ВИДЕО: Велигден се дочекува на Плаошник, гужви само пред влезот во црквата, верниците со маски

Од:

На дистанца и со маски, по една година пауза, верниците го дочекуваат Велигден на Плаошник во Охрид. Туристите кои изминативе денови го преполнија градот, вечерва празнуваат во црковните храмови. На 30 минути пред полноќ, реки од народ, река од народ доаѓа кон Плаошник.

Најмногу гужва има пред влезот на црквата. Поради желбата побрзо да се влезе во храмот, не се одржува дистанцата. Но, ретки се верниците кои не носат маски. Пред храмот, свештениците го регулираат влезот.  Верниците меѓусебно си посакуваат празникот да им донесе здравје и среќа, но и како што велат, нормално празнување на Велигден од идната година.

Поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан веќе повика празниците да се чествуваат со почитување на меркте за заштита од вирусот.

“Татковски повикуваме на трпеливо прифаќање и претпазливо чување на своето и на здравјето на другите, како и навремено примање на вакцини. Исто така, потребно е да се оддадеме и на постојана молитва: и за тие што боледуваат, и за тие што се трудат околу нив, како и за душите на оние коишто починаа од последиците на болеста“ порача Г.Г. Стефан, поглавар на МПЦ-ОА.

Би можело да ве интересира

МПЦ-ОА: Овој Велигден го славиме во канонско единство

Православните верници денеска го слават Велигден

За Велигден бесплатно паркирањето во Охрид, во вторник слободен влез во музеите низ градот

(ВИДЕО) Ковачевски со спот за Велигден: Зелената боја е зелена енергија, а тоа значи поевтина струја

Државна и црковна делегација во Ерусалим на преземање на Благодатниот оган во Базиликата на Светиот гроб

Ана Ололовска

Г.г. Стефан утре ќе чиноначалствува со литургијата во храмот „Свети Наум Охридски“ во Радишани

Ана Ололовска