(ВИДЕО) Велески: Заедно треба да работиме за доброто на нашата татковина

Од:

„Во името на Општинската организација на СДСМ Прилеп, сакам на сите вам да Ви го честитам 8-ми Септември, денот на Државноста на Република Македонија.

Ден, кој што многу генерации го сонуваа, се бероа и ги дадоа своите животи, ни оставија аманет на оваа наша генерација да го продолжиме просперитетот, работата и да се вложиме максимално Македонија да ја вратиме на правиот пат, Македонија да биде член на Европското семејство.

Сите овие дубиони, неправди кои што се случуваа во минатиот период, наша обврска е да ги надмините и да ги подобриме условите за живеење во Република Македонија. Оваа генерација има многу работи да сработи, многу работи останаа незавршени. Македонија тргна по правиот пат.

Уште еднаш сакам на сите граѓани на Општина Прилеп и Република Македонија да им го честитам овај голем државен празник, со надеж дека Македонија ја чека подобра иднина.

Сите заедно треба да работиме за доброто на нашата татковина“, изјави Сашо Велески – Претседател на ОО СДСМ Прилеп.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО