(ВИДЕО) Велески: Број 4 за живот на сите во Прилеп и Македонија

Од:

„Почитувани граѓани на слободарски Прилеп,

Дојде време да ја направиме клучната одлука.

Каква Македонија сакаме?

Македонија во рацете на криминалци, или на оние кои бараат слобода и правда.

Македонија со криминални институции во служба на криминалната фамилијата, или Македонија во рацете на граѓаните.

Македонија со понижени човечиња, или со гордо исправени граѓани!

Денес, сите ние, целиот демократски народ на Македонија, цврсто стоиме пред предизвикот да изградиме економски напредна држава, со силни домашни претпријатија, со модерни патишта.

Држава во којашто ќе се отвораат нови работни места, и повисоки плати за сите граѓани.

Држава со достоинствен живот за земјоделецот, за тутунарот.

Држава во која ќе има независно и праведно судство.

Во која сите ќе бидат еднакви, сигурни, безбедни и пред се’ слободни!

Ајде да ја направиме Македонија дом за сите, бидејќи секој е важен!

Ајде да го оствариме ова.

Ајде да ги задржиме младите да останат дома. Тука да работат, тука да формираат семејства, во Прилеп, во Македонија. Да бидат свои на своето огниште!

Да го запреме иселувањето. Да ставиме крај на режимот. Да ја вратиме слободата!

Во недела, излезете масовно, револуционерно, како што им личи на прилепчани.

Гласајте слободно и по Ваша волја. Според вашата совест.

Секој што ќе се обиде да Ве присили, да ве уцени, или да ве поткупи да гласате поинаку, ќе одговара пред законот.

Бидете сигурни, никому ништо не должите. Никој не може да знае за кого сте гласале.

Во недела, изборот е Груевски, или Македонија.

Во недела гласајте за бројот 4.

Гласајте за живот на сите во Македонија“, изјави Сашо Велески – Претседател на Општинска Организација СДСМ Прилеп.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски