(ВИДЕО) Вечерното возење на автопат и во Скопје е ризично: Тешка е прегледноста, а се вози и во спротивна насока

Од:

Тешка прегледност, возење во спротивна насока, ризици. Вака може да се опише патувањето изминативе денови низ македонските автопати, но и скопските улици. Густата магла прави проблеми во доцните вечерни часови, а возачите со мала невнимателност може да имаат и големи проблеми. Ризично беше вчера да се вози од излезот на Крива Паланка до Скопје, а уште поризично во главниот град каде маглата во вечерните часови е уште погуста, а со тоа е и понепрегледно.

Од Деве Баир до излезот од Крива Паланка – магла речиси и да нема. Од Ранковце почнува и борбата за да се следат белите линии на патот. Дека прегледноста е тешка, доказ беа и прегазените животни, оставени на патот. Сепак, најголемите проблеми почнуваат од патарината кај Куманово до Скопје. Ако до наплатната рампа кај Петровец, автопатот се минува за 20 минути, сега за тоа треба скоро и дупло време.

Во Скопје, во вечерните часови, улиците се скоро празни. Прегледноста е скоро невозможна, возењето проблем за возачите. На булеварот „Никола Карев“ во близина на касарната „Илинден“ имаше и возила кои ја згрешиле лентата, па возеа во спротивен правец. Внимателноста и сигнализацијата на возилата од другата страна, спречија можна несреќа, а возилата кои возеа во спротивен правец, преку зелениот појас, се вратија во своја лента. Во Центар и Карпош, улиците беа покриени со магла. Не се гледаше на повеќе од 5 до 10 метри, максимум.

Околу два часот наутро, дополнителен проблем за возачите на „Партизански одреди“ беа и исклучените улични светла, на дел, од едната страна на булеварот, кој беше во тотален мрак. „А1он“ праша во Град Скопје дали ќе се погрижат светлата на булеварот да бидат постојано вклучени од двете страни, но до моментот на објавување, не добивме одговор.

Утрово, на овие локации, маглата е намалена или целосно ја нема, а со тоа прегледноста е зголемена. И АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата.

Би можело да ве интересира

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот

Четири лица нападнале и тешко повредиле скопјанец

А1он

Сообраќајка во Скопје, тешко повреден пешак

Вооружен грабеж на банка во Илинден, одземена е голема сума на пари

Александар Тодески