„Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ беше планирано да се изгради ново средно училиште во општина Аеродром и дополнително да се изградат 4 нови градинки на веќе постоечки локации и една комплетно нова во Долно Лисиче. Сето ова чини вкупно 4 милиони евра“, рече Васко Василевски од О.К. ВМРО-ДПМНЕ Аеродром.
„Ова се големи проблеми истовременоо и потреби на граѓаните кои можат да се решат, само треба да се одвои 4 милиони евра. Па така, наместо Петре Шилегов од народни пари да дава 5 милиони евра за дислокација на галии за кои не е дадено ниту денар да се направат бидејќи тие се на приватни сопственици, нека одвои и нека даде 4 милиони на општина Аеродром да се реализираат проектите за нови градинки и ново средно училиште.
Видовме дека за 100 дена Златко Марин и Петре Шилегов не мрднаа со прст. Еден единствен проект не реализираа. Едниот си беше 2 недели на ракомет во Загреб, другиот пак граѓаните на Аеродром не можат да го најдат.
Ова е класично недомаќинско и расипничко работење. Шилегов е спремен 5 милиони евра да фрли во вода, а не е кадарен да реализира проекти кои им се неопходни на граѓаните.
Доколку Шилегов сака да ги дислоцира галиите, тоа да не го прави со парите на граѓаните, туку нека си го направи од сопствените доколку ги има, од кириите, или ако си заработил.
Граѓаните не заслужуваат нивните пари да бидат трошени за исполнување на лични хирови на Петре Шилегов“, изјави Васко Василевски од О.К. Аеродром.