(ВИДЕО) Васев: Законот за ЈО е многу важен и затоа ВМРО-ДПМНЕ толку се плаши од него, тие ќе одговараат!

Од:

Васев ја обвини партијата ВМРО-ДПМНЕ дека има долг од 8 милиони евра, а дека нејзиниот лидер е е стечаен управник, извршител на неговиот шеф, Никола Груевски – осуден криминалец и почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„За време на режимот на Никола Груевски, шефот на Мицкоски, бруто надворешниот долг на државава од 2006 до првиот квартал од 2017 порасна од околу 2,5 милијарди евра, на околу 7,7 милијарди евра, или за повеќе од 5 милијарди евра. За истиот тој период, додека граѓаните осиромашуваа, ВМРО-ДПМНЕ изгради луксузен бел дворец, споменик-симбол на нивниот криминал и корупција“, соопшти за медиумите Васев.

За начинот на која била финансирана изградбата на „Белата Палата“, покажува предметот Талир за кој, Васев обвини дека досега не е оддржано ниту едно судско рочиште.

Според Васев, Законот за ЈО е многу важен и затоа ВМРО-ДПМНЕ се плаши од него.

„ВМРО-ДПМНЕ се најнедомаќинска и најрасипничка партија, замислете, што би се случило кога овие недомаќини и расипници, извршителот Мицкоски и Груевски повторно би се доближиле до државниот буџет?!. Ако својата партија ја задолжиле со 8 милиони евра, што би се случило со државниот буџет? Колку нови милијарди евра би ја задолжиле државата за нивните криминални проекти? Тие не можат да водат држава никаде освен во пропаст, додаде тој.

Васев пред медиумите истакна дека граѓаните нема да дозволат нечесни и недомаќини кои не можат да ја менаџираат сопствената партија повторно да ја задолжуваат и ограбуваат на државата, според него, тие ќе бидат казнети на 12 април.

Би можело да ве интересира

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема