(ВИДЕО) Васев: Нема причини за одлагање на пописот

Од:

„Сметаме дека нема потреба да се одложуваат ниту пописот ниту локалните избори, тоа се два процеса кои што течат паралелно и наш став е дека истите нема потреба, ниту пописот како статистичка операција да се одложува, ниту одржувањето на локалните избори“, одговори Стефан Васев од СДСМ на новинарско прашање.

„Нема потреба, тоа е статистичка операција и никако не смееме да дозволиме да се политизира нешто што мора да го направиме, впрочем и договор е помеѓу двајцата лидери дека на тој датум ќе се одржат, односно во тој период ќе се одржи статистичката операција – спроведување на попис и мислам дека коректно е од политичарите, пред се мислам и на Мицкоски затоа што најчесто од нивна страна доаѓа политизирање на одредени аспекти за пописот да не се користат за политички цели. Тоа е статистичка операција“, додади Васев.

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски да одговори зошто со законски измени се брише одредбата за уплата на 6% во вториот столб?

Бројките се немилосрдни и ги демантираат СДС, ДЗС вчера објави дека реалната нето-плата во септември пораснала за над 5%

СДСМ: Крпен живот, кошничката се доближи до 71.000 денари – само за храна се потребни 26.000 денари

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС продолжуваат со лагите и манипулациите за Алта банка, овој пат јавната аукција сакаат да ја претстават како тајна зделка

(ВИДЕО) СДСМ со амандмани бара 2.500 денари повеќе месечно за студентски оброк и стипендии од 8.000 денари

СДСМ: 51 милион евра не се префрлени во вториот пензиски столб – кривична одговорност треба да започне од Мемов