(ВИДЕО) Васев: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да понудат ништо ново

Од:

„Бадијала ВМРО-ДПМНЕ копира и краде слогани од СДСМ, бадијала се премачкува со сите можни бои, суштината останува иста, тоа е партија која работи на штета на интересите на граѓаните и државата, партија која брани криминал.

Дури и наводната нова стратегија им е лажна, полна со лажни ветувања со рециклирани лаги и невистини.

Христијан Мицкоски не може да понуди ништо ново, затоа што не може да излезе од режимската матрица во која е заглавен со години“, кажа Стефан Васев од СДСМ.

„Единственото нешто за што знаат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се ширење лажни вести, блокирање и дејствување на штета на државните и националните интереси.

Токму поради таквиот неискрен, нечесен и неодговорен однос на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кон граѓаните, тие редовно ги казнуваат на избори.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе останат во опозиција и ниедно пребојување нема да им помогне“, изјави Стефан Васев од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски