(ВИДЕО) Васев: Мицкоски е на браникот на криминалот, работи на штета на интересите на граѓаните и државата

Од:

„Секојдневно се потврдуваат лажните вести на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Единственото нешто за што ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се познати, дома и во светот, се пласирањето на лажни вести, блокирање, поткопување на борбата со коронакризата и опструирање на фунцкионалноста на институциите.

Меѓународни студии потврдија дека Мицкоски и неговата партија се извор на лажни вести и невистини.

ВМРО-ДПМНЕ осмислуваше лажни хистерии за тоа дека масовно ќе се населуваат мигранти, шират несвистини за ковид пандемијата, од тоа дека немало доволно тестови па се до тоа дека нема доволна опрема и здраствени работиници“, вели Стефан Васев од СДСМ.

„Ширеа и шират лажни вести и за тоа дека се распродава македонскиот идентитет и дека земјата се распарчува.

Ова почитувани граѓани е срмно и неодговорно однесување кон сопствениот народ.

Мицкоски јавно призна дека „останува единствен на браникот на криминалот“.

Мицкоски е веќе разболичен, во ВМРО-ДПМНЕ остануваат само лагите, лажните вести и делувањето против интересите на граѓаните.

Ниту македонскиот идентитет е распродаден, ниту земјава е распрачена.

Граѓаните одамна го увидоа лицемерието на Мицкоски и затоа губи и не му ја даваат довербата.

Со ваквото неодговорно однесување, штетно по државата и граѓаните, Мицоски и ВМРО-ДПМНЕ остануваат во опозиција и уште многу долго таму ќе останат“, изјави Стефан Васев од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија