(ВИДЕО) Васев: Лицемерие на дело, ВМРО-ДПМНЕ пред избори ветуваа дигитални учебници и сеопфатно сексуално образование, а денес се против овие проекти

Од:

„Нема крај на деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски кое е на штета на образованието и наставниот процес.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена се противат на секоја реформа што значи унапредување на квалитетот на образовниот систем.

Денес, оваа партија се противи на дигитализација на наставата, проект што пред само неколку месеци го имаа наведено во изборната програма“, рече Стефан Васев од СДСМ.

„Во последната изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ како ветување пред граѓаните е наведена дигитализацијата во образованието, платформа за е-учење, подготовка на видео материјали од страна на наставниот кадар и секако – дигитални учебници.

Покрај противењето на дигитализацијата во образование, ВМРО-ДПМНЕ се противи и шири лажни вести и паника и за предмети кои опфаќаат сеопфатно сексуално образование.

Но токму ВМРО-ДПМНЕ во нивната програма пред граѓаните ветила воведување токму на ваков предмет.

Ова, почитувани граѓани е ветување од изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ за 2020 година каде пред граѓаните дале ветување дека во шесто одделение ќе се изучува предмет каде ќе се дискутираат теми од сексуалното образование.

Уште едно тешко, големо лицемерие на партијата предводена од Мицкоски.

Наместо да ја манипулираат јавноста, наместо да блокираат, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски треба да излезат и да одговорат:

Кога ги лажеа граѓаните? Кога ги ветуваа овие проекти пред избори или денес кога по секоја цена ја блокираат нивната реализација?

Цели 11 години ВМРО-ДПМНЕ го уништуваше образованието, ги манипулираше наставниците и професорите, а нашите ученици беа со најслаби резултати на меѓународни тестирања.

Денес, кога се воведува нов, модерен и европски концепт на настава, ВМРО-ДПМНЕ блокира, протестира, се затскрива зад наводни граѓански иницијативи со цел реформите во образованието да не бидат донесени.

Ова е на директна штета на наставниците, на учениците и нивните родители, на штета на образованието во нашата држава, затоа ВМРО-ДПМНЕ одново ќе биде казнета од граѓаните“, изјави Стефан Васев од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците