(ВИДЕО) Васев: Додека сите се борат против коронавирусот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не се откажуваат од парите што ги добиваат од Буџетот

Од:

„Целата држава, сите институции, целата нација со сите сили се борат против заканата од коронавирусот.

Во исто време , Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се посветени само на политичко профитирање во време на здравствена криза.

Тоа е срамно и неодговорно.

Додека сите ресурси се впрегнати во заштита на здравјето на граѓаните и спречување на негативните последици по економијата, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги интересира само личниот и партиски профит“, вели Стефан Васев од СДСМ.

„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се уште не се откажуваат од парите коишто ВМРО-ДПМНЕ ги добива од Буџетот.

Нема поголемо лицемерие од тоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да зборуваат за мерки за штедење, а при тоа не сакаат да се откажат од народните пари.

Тоа е така затоа што Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се научени само да земаат од државата, а парите да завршуваат во белиот дворец, па дури и денес, во време кога секој денар е важен за справување со економската криза.

Без разлика на ваквото однесување на Мицкоски, СДСМ ќе продолжи одговорно да се однесува, во интерес на граѓаните, на нивна заштита и справување со економските последици.

СДСМ е на страната на граѓаните и државата. Во овие тешки времиња, потребна е солидарност и меѓусебно помагање, заедништво и одлучна акција против коронавирусот.

Покажавме дека можеме да се справуваме со предизвиците, ќе покажеме дека можеме да се справиме и со овој предизвик кој е и здравствен и економски“, изјави Стефан Васев од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски