(ВИДЕО) Узунов: Ќе растат и долговите и сиромаштијата во 2015

Од:

Буџетот за 2015 година што го предлага Владата нема да направи ниту мал чекор во насока на стопирање на растечката сиромаштија во земјава. Она што сигурно ќе расте и догодина е само задолженоста. Целата проекција на Буџетот е направена врз неиздржани претпоставки и предвидувања, со големи нелогичности, рече Ванчо Узунов, потпретседател на СДСМ.

Прво, македонската економија не може да издржи Буџет од 3 милијарди евра! Тоа го докажуваат претходните години. Второ, оваа власт нема капацитет за реални и издржани капитални проекти што ќе ја придвижат економијата, за да има поместување и во стандардот на граѓаните, додаде тој.

Соочена со лоши економски показатели, Владата повторно се враќа на практиката за предвидување релативно висока стапка на раст на БДП за догодина, што потоа не може да ја оствари.

Така, за догодина е предвиден пораст на БДП од 4%, при инфлација од 2%, што во суштина значи номинален раст од 6%. Кога тоа нема да се оствари, што е за очекување? Кој ќе биде виновникот? Власта? Или ЕУ?

Во Буџетот на Владата нема разумно образложение за предвидувањето врз која основа буџетските приходи ќе пораснат за 5% во 2015 година. А ако тоа не се случи, од каде владата ќе земе повеќе пари од оваа година?

Како генератор на предвидениот раст за 2015 година Владата ги смета бруто инвестициите, за коишто очекува да растат со стапка од 8 отсто, што го оправдува со капитални и приватните странски инвестиции.

Но, како власта го предвидува тоа со зголемување на капиталните расходи за следната година за само 0,6%?

Со ребалансот оваа година Владата покажа дека ниту планираните приходи за тековната година не може да ги обезбеди. Со кое издржано образложение власта за догодина предвидува пораст на јавните инвестиции, кога за оваа година, до крајот на месец август, се извршени само 49 проценти од планираните?

Нелогично е и очекувањето за пораст на индустриското производство за 4,4%, во услови кога нема пораст на странската побарувачка и нема пораст на домашната побарувачка поради нискиот стандард на граѓаните.

За земјоделството се предвидува раст од само 2,5%. Значи земјоделството со сите субвенции што ги добива, ќе расте помалку од индустријата за којашто власта не предвидува посебна поддршка.

Која од овие две проекции е погрешна? Или и двете?

Градежништвото догодина, според Владата, треба да има најголем раст од 7,5%, во услови кога нема договори за извоз на градежни услуги во странство и опаѓа платежната моќ на граѓаните.

Конечно, владата за догодина предвидува пораст на БДП (за 4%), во апсолутен износ помал буџетски дефицит, но исто учество (од 3,5%) на дефицитот во БДП како за оваа година? Дали е тоа само ненамерна грешка, или тука се крие нешто друго?

Владата треба да одговори на поставените прашања. СДСМ предупреди што носат огромните задолжувања на граѓаните. Огромни камати, заспано стопанство и сиромаштија.

За жал, власта веќе нема механизам ниту да го скрие, ниту да го смени. Погрешните политики почнаа да го земаат данокот, на грбот на граѓаните.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Битиќи: Над 75 отсто од граѓаните се за членство во ЕУ, власта да каже која е алтернативата

Горан Наумовски

СДСМ: Орбан се нуди како посредник додека унгарскиот амбасадор гласал да се раздвојат Албанија и Македонија

СДСМ: Албанија ќе биде запад за Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ги прекина преговорите со ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

(ВИДЕО) Филипче: Раздвојувањето на Албанија и Македонија е катастрофа за иднината на граѓаните

Горан Наумовски