(ВИДЕО) Устамитова: За пет години изградивме 69 градинки, платите во детската заштита растат постојано

Од:

„Владата предводена од СДСМ е посветена на унапредување на системот на детска заштита и зголемување на опфатот на деца во градинките. За само пет години Владата предводена од СДСМ успеа да изгради, реконструира и догради 69 детски градинки низ целата држава, со што опфатот на деца во градинките се зголеми за 4.300 дечиња“, рече Елена Устамитова, претседателка на комисија за труд и социјална политика на СДСМ.

„До крајот на оваа година предвидено е отворање на 13 нови објекти на детски градинки со капацитет за 1.360 деца.

Од друга страна, за време на десетгодишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ беа изградени или реконструирани само 45 детски градинки.

Денес во некои општини градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ не отвораат веќе изградени градники а пример за тоа е градинката во Волково, во општина Ѓорче Петров.

Покрај зголемување на просторните услови, Владата предводена од СДСМ инвестира и во зголемување на платите на персоналот во градинките.

За пет години платите на негувателките и воспитувачките се зголемија за 21 отсто.

Со постигнатиот договор меѓу Владата и СОНК предвидено е рекордно зголемување на платите за 15 отсто од септември оваа година.

Истовремено, важно е да се напомене дека на вработените во градинките ќе им бидат исплатени платите за периодот додека тие штрајкуваа.

И додека растат платите во детската заштита расте и просечната плата која сега изнесува 31.080 денари со што се реализира едно клучно ветување за просечна плата од 500 евра.

Ова се примери на вистинска грижа за детската заштита кој е еден од клучните сектори за идниот развој на едно општество.

Како одговорна партија, продолжуваме да инвестираме во сето она што е важно за нашите граѓани“, изјави Елена Устамитова, претседателка на комисија за труд и социјална политика на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фрчкоски: ДКСК да ја прошири истрагата за Андоновски со новата фирма „Нома солушнс“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Трансформирање на тендери од 1,5 милиони евра во министерството на Андоновски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

Филипче: За две години потрошувачката кошничка е покачена за околу 10.000 денари, а платите не мрдаат

(ВИДЕО) Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3.000 помалку деца, 433 паралелки помалку, затворени 26 училишта

(ВИДЕО) Кузеска: Под радарот течат матни зделки на Мицкоски за дата-центри, а ВМРО-ОКГ со лаги ги прикрива

Горан Наумовски