(ВИДЕО) Устамитова: СДСМ го почитува и вреднува трудот на работниците

Од:

„СДСМ го почитува и вреднува трудот на работникот, се грижи и ги унапредува работничките права. Една од првите одлука веднаш по доаѓањето на власт на СДСМ беше зголемувањето на минималната плата на 12.000 денари и тоа за сите сектори“, рече Елена Устамитова, претседателка на Комисија за труд и социјална политика на СДСМ.

„Со тоа ставиве крај на една дискриминирачка пракса, работничките од текстилната, кожарската и чевларската индустрија да добиваат пониска минимална плата.

Денес, минималната плата изнесува 20.175 денари и еднаква за сите сектори.

За над 36 отсто ги зголемивме платите во образованието и детската заштита, сериозно се зголемени платите во здравството, во полицијата и одбраната.

Невработеноста ја намаливме за осум отсто, а обезбедивме и младински додаток на плата од 3.000 денари за млади до 23 години, вработени во производство.

СДСМ преку договор со синдикатите, коморите и работодавците донесе законско решение со кое недела, за 95 отсто од работниците е ден за неделен одмор, а оние кои работат во дејностите кои се исклучок, добиваат значително повисоки дневници.

Мотивиран, задоволен работник е гарант за економски раст и напредок, затоа ние како одговорна партија продолжуваме со мерки и политики кои ги унапредуваат работничките права и условите за работа“, изјави Елена Устамитова, претседателка на Комисија за труд и социјална политика на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра