ВИДЕО: Уште една приватна тужба за инвеститорите кои на Водно навлегоа во двор на сосетка

Од:

Инвеститорите на улицата Партениј Зографски на Водно кои соседите ги обвинија дека со лажна изјава го приватизирале дворот кој не им припаѓал, покрај тужбата за спорната приватизација од првите соседи, од друга сосетка ќе добијат уште една тужба оти минатата недела со ископот за новиот објект, навлегле и во нејзиниот двор.

Градежните работници ја урнале оградата на сосетката и почнале да прават ископ кој е веднаш до веќе длабоката јама за новиот објект кој треба да има приземје два ката и потпокрив. Навлегувањето во туѓ имот е пријавено во МВР и полицијата направила увид на градилиштето.

„Од страна на сопственик на имот на наведената локација е пријавено оштетување на оградата од страна на фирма која вршела ископ. Од полициски службеници од Полициска станица од општа надлежност Центар, веднаш е излезено на местото на настанот, преземени се соодветни мерки и активности согласно овластувањата за што се изготвени службени материјали, а од оштетената страна земен е записник по чл.243 од КЗ за оштетување на туѓи предмети кое се гони по приватна тужба“, изјавија од МВР за „А1он“.

Оштетената сосетка вели дека ангажирала адвокат кој ја подготвува тужбата. Таа, како и останатите најблиски соседи на новата градба во саботата излегоа на протест преку кој јавно побараа да сопрат градежните активности и под итно да се обезбеди ископаната длабока јама која стравуваат дека ќе предизвика лизгање на земјиштето и уривање на трите најблиски куќи.

Инвеститорите немаат коментар ниту на последните случувања на градилиштето.

На поставената информативна табла кај јамата за новиот објект како инвеститор се истакнати имињата на сопствениците на земјиштето Гоце Лазаревски, Кети Јаневска, Јулија Тодоровска – Ајковска и Јаница Петровска. Нивен претставник во мај за „А1он“ изјави дека ги имаат сите потребни документи кои се лесно проверливи во институциите, а обвинувањата од соседите ги нарече неосновани и неточни.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Спасувачка акција на Водно, извлечено лице со скршена нога по замрзнат терен

Предраг Петровиќ

ЦУК: Петмина турски државјани кои се изгубиле на Водно безбедно се евакуирани кон Скопје

Горан Наумовски

ВИДЕО: Со полициски хеликоптер извлечен човек со скршена нога од врвот на Водно

ЦУК: Успешна потрага по лице кое се лизнало на Водно

Спасувачка акција на Водно: Се онесвестила жена, ја извлекувале пожарникари со теренско возило

Орце Костов

Пронајдени деца кои се изгубиле на Водно