ВИДЕО: Уште една молитва, на „Јади бурек“, се обрати Александар Македонски

Од:

Ако пред неколку години со првата молитва во емисијата на Слободан Томиќ, „Гласот на народот“ на МРТВ Господ бараше да го повикаме, сега се појави уште една молитва но на „Јади Бурек“ на Сител 3, каде конечно според молитвата „веќе сме го повикале“, a сега се појави дури и Александар Македонски со глас.

„Господе во 2000 години само ние, Македонците искрено те повикавме и погледни како те пречекуваме. Раскарани заради македонската вистина. Господе испрати гласник, испрати ни го нашиот цар за да ја каже вистината на оние наши браќа и сестри, чеда твои необолени. Отвори им ги очите и наполни им ги со љубов за да ја видат вечната вистина за Македонија, чистата вистина која е и во Светото писмото напишана, и од која во сиот свет и неверниците се плашат.

Јас Александар трети Макеодонски, 2300 години чекав да се разбудите и да ја видите вистината. Ете дојдов и ја доведов вистината за да висите кои сте од каде сте, Македонци.

Со мене е и копнежот за вечноста, копнежот за вечната вистина која осамнува во Македонија каде цел свет на поклонение ќе дојде.

Дојде времето македонско и затоа да си простиме, да сме прегрнеме и обединети да извикаме Македонијо те сакаме татковино“, вели Александар Македонски во најновата молитва“.

Претходно во „Гласот на народот“ кај Слободан Томиќ беше презентирана првата молитва, од цели девет минути, пред неколку години.

„Илјадници години чекам да ме повикате, овде кај мене времето мирува но кај вас времето сега е дојдено“.
Три раси населив, Македоноиди, Монголоиди и Негроиди. Сите бели луѓе ваши браќа се зашто носат ген македонски“ беше дел од обраќањето на Господ кон македонскиот народ, во молитвата на Слободан Томиќ, односно на тие што му ја нарачале.

Би можело да ве интересира

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

A1on