(ВИДЕО) Уште 200 слободни места за „Појадокот на мост“

Од:

Десетици граѓани чекаат редица да се пријават за учество на годинешниот „Појадок на мост“. Досега се пријавени вкупно 2.300 граѓани за заедничкиот појадок кој ќе се одржи на Камен мост и на мостот „Око“. За разлика од минатите години, годинава еден човек може да земе само една карта. Пријавувањето започна на 10 Септември и ќе трае до 19 септември од 10 – 15 часот пред пунктот пред „Пелистер“ на плоштад Македонија.

Директорот на средното угостителско училиште „Лазар Танев“ Зоран Николовски изјави дека постојат две групи на ученици, кои заедно со двајца професори ги попишуваат граѓаните. Тој вели дека последните 200 карти ќе бидат распределени во текот на утрешниот ден.

– Испечативме 2.600 билети, 100 повеќе од планираното. Вкупно 60 билети се наменети за присуство на децата без родители. Билетите ќе им се врачат директно на децата да присуствуваат на појадокот во недела – изјави Николовски.

Утре е последниот ден за доделување на преостанатите 200 билети. На појадокот ќе присуствуваат 2.600 граѓани.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

ФОТО: Гужви за „Појадокот на мост“

Ана Ололовска

Петтиот „Појдок на мост“ на 14-ти септември

Ана Ололовска

(ВИДЕО) „Појадок на мост“ или дојди – земи – замини

Емир Латифовиќ

„Појадок на мост” по четврти пат

Емир Латифовиќ

„Појадокот на мост“ ќе ги затвори Камениот и мостот Око

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Голем интерес за бесплатен појадок на Вардар

Емир Латифовиќ