ВИДЕО: Уништени околу 170 килограми дрога во Дрисла

Од:

Околу 170 килограми разни видови дроги и психотропни супстанци се уништени денеска во регионалната депонија Дрисла.

Уништени се околу 128 килограми марихуана, околу шест и пол килограми хероин, околу 20 килограми хашиш, околу половина килограм кокаин, растенија и семки од канабис, како и амфетамини, потоа синтетичка дрога екстази и други прекурсори и психотропни супстанци, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Министерот Спасовски, кој присуствуваше на уништувањето, изјави дека во делот на сузбивањето на недозволеното тргување со дрога Министерството за внатрешни работи во континуитет презема интензивни оперативни мерки и активности и дека годинава статистички гледано бележиме пораст на бројот на расветлени кривични дела од оваа област.

– Министерството за внатрешни работи, односно организационите единици директно одговорни за сузбивање на овој крајно опасен криминал ќе продолжат бескомпромисно, врз основ на законските надлежности и должности, да го сузбиваат овој криминал, рече министерот Спасовски.

Според аналитичките податоци, се наведува во соопштението од МВР, за периодот од почетокот на 2018 година заклучно со крајот на месец ноември откриени се вкупно 681 кривично дело од оваа област, а од нив 582 кривични дела се класифицирани како “неоовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанци“, за што пак кривично беа пријавени 674 сторители. Останатите 99 кривични дела се подведени под казненениот член – “овозможување на употреба на наркотични дроги“, и по однос на нив кривично пријавени се 104 сторители.

Во рамки на овие активности за сузбивање на трговијата со дрога откриени и спречени се и осум меѓународни канали за шверц на дроги.

Уништената дрога, информираат од МВР; потекнува од кривичните дела недозволено тргување со опојни дроги, психотропни супстанци и прекурсори што полицијата ги расветли во изминатиот период, а за кои кривични дела надлежните судсови веќе донесоа правосилни судски пресуди.

Би можело да ве интересира

Лажни се дојавите за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје

(ВИДЕО) За да се избегнат грешки при испраќање на казните од „Безбеден град“, возачите ќе добиваат код

МВР: Лажна е дојавата за поставени бомби во трговски центар во Скопје

А1он

МВР: Уапсени се повеќе лица дел од нив доктори на клиники и сопственици на дерматолошки ординации

Акција против нелегални медицински третмани: Полицијата во повеќе здравствени институции прави контроли

Горан Наумовски

МВР: Потврдите од платените казни од системот „Безбеден град“ граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица

А1он