(ВИДЕО) Тунтев: Владата започнува ревизија на сите проекти кои се опасност по охридското подрачје

Од:

„Пред три и пол месеци, на иницијатива на невладини организации, во рамките на Собранието формиравме неформална пратеничка група составена од пет пратеници од различни политички партии, односно различни партиски провиниенции со цел да претставуваме еден глас на совеста во Собранието во однос на Охрид и охридското подрачје кое е под заштат на УНЕСКО. Така и ја нарековме таа неформална пратеничка група – Пријатели на Охрид под УНЕСКО. Наша цел и задача беше да лобираме, секој кај својата политичка партија, кај својата политичка групација, Собранието на Република Македонија да ги отвори вратите за граѓанските здруженија кои и тоа како водат грижа и сметка за нашето единствено подрачје под заштита на УНЕСКО, а тоа е охридското подрачје, визави реалните опасности кои се надвија над ова подрачје заради штетните инфраструктурни проекти во најава од страна на поранешната власт.

Сакам да ве информирам дека сите тие проекти кои беа предмет на разгледување и на мисијата на УНЕСКО и на Комитетот за културно наследство при УНЕСКО, каде што потенцијална опасност беше Охрид да биде ставен на листата на загрозени подрачја или заштитени подрачја под опасност. Целта беше проектите да се ревидираат, да се стопираат и на тој начин повторно да се увиди нивното влијание врз животната средина, она што впрочем недостасуваше на тие проекти. Можеби цела среќа во несреќата е што меѓународните финансиски институции кои ги фининасираат ваквите проекти, не даваат пари додека не се изработи квалитетна одржлива студија за импактот на одреден инфраструктурен објект врз животната средина.

Заради тоа, новата реформска Влада вети и веќе тоа го остварува, комплетна ревизија на сите тие проекти кои од еколошки аспект претставуваа опасност за охридското подрачје и изработка на сериозни студии од страна на сериозни куќи во однос на импактот врз животната средина. Приоритет на сите надлежни институции мора да биде спроведувањето препораките на реактивната мисија на УНЕСКО која пред два и пол месеци беше во Охрид и изврши надзор и ги даде своите препораки до Комитетот. Врз основа на тоа, Комитетот даде препораки до надлежните институции и сега министерот за култура, затоа што најголем дел Заводот за заштита на културното наследство е во рамките на министерството, веќе даде задача сите надлежни институции да пристапат сериозно кон исполнување на сопствените обврски, за во наредните две години, во целост да бидат исполнети препораките на Комитетот за заштита на културното и природно наследство при УНЕСКО и на тој начин да ја избегнеме реалната потенцијална опасност охридското подрачје да се најде на листата заштитени подрчја под УНЕСКО во опасност.

Затоа, и ние како неформална пратеничка група Пријатели на Охрид под УНЕСКО, на овој начин сакаме да ги охрабриме сите надлежни инстуции и да им кажеме дека во Собранието ќе имаат голема поддршка. Доказ за тоа беше вчерашниот настан кога Собранието на Р.Македонија ги овори вратите за невладините организации, каде што барањата, мислите, чувствата на преку 7000 на граѓани и туристи од странство ги имаа изразено на над 7000 картички во однос на нивната сериозна загриженост за можноста да се загрози природното и културното наследство.

На тој начин и нашата пратеничка група и сите формални пратенички групи кои сакаат да помогнат и кои се волни да учествуваат во сите проекти кои се во конотација за заштита на Охридскиот регион, покажаа отвореност кон невалдините организации и граѓанството и на тој начин ќе продолжиме и во иднина. Ние како пратеничка група на СДСМ и на коалицијата, но и како неформална пратеничка група Пријатели на Охрид под УНЕСКО, остануваме отворени за соработка во оној сегмент да ги излобираме сите активност кои ќе одат исклучиво во заштита на нашето природно и културно наследство кај нашите политички партии и групации и кај извршната власт. Јас се надевам дека ова неформална група ќе е само пример за успешна соработка помеѓу пратениците како индивидуи, како име и презиме со сите наши чувства, со сите наши емоции. Јас сум од Охрид и не можам инаку да размислувам за сопствениот град и нашето најголемо природно богатсво Охридското езеро, затоа што Охрид и Охридското езеро не им припаѓаат само на охриѓани, туку им припаѓаат на цела Македонија и на целиот свет. И во таа насока, ве охрабрувам и вас новинарите и целата јавност, да извршиме притисок врз сите релевантни извршни институции кога е во прашање заштитата на нашето природно и културно наследство“ изјави Томислав Тутнев, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата во Собранието на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Бојмацалиев: Со пет пловни објекти ја гарантираме безбедноста на границата и на Охридското Езеро

Орце Костов

Автомобил излета во водите на Охридското Езеро кај Струга

Горан Наумовски

ВИДЕО: Блесна новогодишната елка под вода во Охридско езеро

Покуќнина, отпад и стари гуми извадени од Охридско езеро

Охридскиот регион останува на листата на УНЕСКО

Полицијата го пронајде и го врати чамецот со двајцата малолетници кој неконтролирано се оддалечил од брегот на Охридското Езеро