(ВИДЕО) Тунџев: Дури 83 отсто од буџетот за 2020 за транспорт и врски е наменет за капитални инвестиции

Од:

„Во нашата држава се гради како никогаш досега, буквално секаде, во секој град и рурално населено место. Реформите на СДСМ на полето на инфраструктурата се на прав пат и носат вистински придобивки за граѓаните, ги решаваат нивните сушштински проблеми.“, рече Борис Тунџев, член на Комисија за транспорт и врски на СДСМ, на денешната прес-конференција.

„Со новиот буџет кој е проектиран на 5 милијарди 810 милиони денари, 83 отсто од него односно 4 милијарди 819 милиони денари се расходи наменети директно за реализација на капиталните проекти.

2,6 милијарди денари се одвојуваат за железници, 446 милиони денари за комунална инфраструктура преку Европска инвестициона банка, 248 милиони денари за водоводи, 247 милиони денари за проекти за локални патишта и 104 милиони денари за нови авиолинии.

Во тек е проектот за изградба и санација на улици во општините вреден 70 милиони евра.

Тендерските постапки се во подготовка и се очекува во почетокот на градежната сезона да се отпочне и со физичка реализација на терен.

Буџетот за 2020 година, во делот на транспорт и врски, предвидува историски најголеми вложувања во изградба и рехабилитација на патишта и изградба на патна инфраструктура, гасоводна мрежа и реализација на крупни проекти во Железницата.

Официјалните податоци се доказ дека се гради како никогаш досега.“, наведе Тунџев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Македонија си има свој Мадуро, во врвот на власта

Горан Наумовски