Нема датум за избори додека не се направат реформи во медиумите. Не сме слободна демократија, бидејќи полтичксите партиите немаат слободен пристап до медиумите, а граѓаните постојано добиваат искривена слика за работењето на власта. Во таква ситиација, констатираме дека новинарството ја изгуби сосема фунцијата на неутрален критичар и е оковано во клиенталистичките врскии на владините функционери и сопстевениците на медиумите Ова е ставот на Снежана Трпевска од Иснтитутот за комуникациски студии, во рамките на “Предлогот за итни демократски реформи“ документ кој на концизен начин дава насока за клучните демократски промени во земјава за фер и демократски избори, а подготвен од ескперти и група граѓаски организации.
-Медиумите останаа нечепнато прашање во пржинските преговори за кои власта не сакаше да преговара. Ние минатата година предлагавме медиумите да бидат првата тема и сега ќе имавме поинаква слика. Не е доволно само јавниот сервис да се исчисти од пропагандното известување и да изледа како исплакнат, напротив и тој треба да има критичка функција кон власта. Направени се потези само да се создаде слика дека во медиумите е нешто решено.
Она што го предлагаме како група медиумски организации во рамките на оваа иницијатива , се прво и важно, да сакаме
да ги ослободиме комерцијалните медиуми од тој клинталистички однос и затоа предложивме да се укине државното рекламирање и исто така да се укине политичкото рекламирање. Овие два механизми финасиски навистина го ставија новинарството во целосно подредена позиција од власта, рече Трпевска.
-Втората група мерки се однесуваат на јавниот сервис, тоа е нов модел во кој граѓаните ќе партиципираат и во процесот на надзор и во прграмите, но ќе бидат претставени и од новинарите.
-Третата група мерки се однесува на внесување нз забрана во законот за ширење омраза во медиумите.
-Четврата мерка е да се ослободи регулаторното тело од партиското влијание како што го има сега и затоа предлагаме измени во изборот на членовите и измени во структурата на одлучување каде сега многу моќ се онцентрира во рацете на директорот. Предлагаме и релаксирање на условите за работа на комерцијалните медиуми, односно зависноста од власта со одлуките за средства од буџетото за производство за играна и документирана домашна продукција.
Следна мерка е сите јавни институции целосно да се отворат кон новинарите, целосна транспрентност и од сите државни функционери, сите услови да ги создадат за безбедни услови за новинарите.
Сега се преглагаат решенија кои се целосно спротивни на овие предлози, политичките партии ниту прашаа какви се ставовите на експертите и невладините организации. Слушнавме за два предлози-формирање ад хок тело кое би ги набљудувао медиумите сто дена пред изборите кое ќе се претвори во фарса и е заобиколување на проблемот. Втората мерка е политичките партии да предложат уредник на јавниот севис, што е недозвовливо зошто се знае дека новинарите се независни и самостојни, незамисливо е. Тоа решение е заобиколувањето на принципите врз кои се заснова оваа сфера, рече Трпевска.