(ВИДЕО) Трипуновски: Купувајте македонски производи, за да има повеќе за секого во Македонија

Од:

„Квалитетот на македонската храна е признаен насекаде низ светот. Нашите производи децении наназад ги добиваат првите места на светските саеми, затоа што се најдобри.

Во овие тешки времиња за економијата, за македонското стопанство, кога пазарите во странство се затвораат, имаме обврска кон нашата економија, нашите земјоделци, да купуваме македонски производи“, вели Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Така ќе зачуваме поголем број на работни места, така ќе спасиме цели семејства кои што работат во македонските фабрики и на македонските ниви.

Земјоделецот кој со векови ја храни оваа земја тоа го заслужил. Апелирам земјоделците во оваа кризна година да произведат повеќе храна, а до сите останати граѓани, наместо да купуваме странски производи, да го купиме тоа што е произведено на македонските ниви и во македонските фабрики.

Купувајте македонски производи. За да има повеќе за секого во Македонија.

Купувајте македонски производи. Затоа што ја сакаме Македонија“, изјави Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус