ВИДЕО: Три жени фатени како крадат засадени цвеќиња во Кичево

Од:

Безбедносни камери снимија како три возрасни жени крадат цвеќе од двор на фирма во Кичево. Од снимката се гледа како тие откако ќе го искорнат цвеќето од бетонска саксијата, влегуваат во автомобилот со скопски регистарски таблици и заминуваат. Објавувачот на материјалите пишува дека жените кои го украле цвеќето застанале да направат пауза.

Во моментот кога една од жените го корне цвеќето, другите две чуваат стража за да некој не ги види. Откако ќе го откорнат цвеќето, поради тоа што им приоѓаат неколку лица, една од нив го остава во бетонската саксија, правејќи се дека ништо не се случува. Потоа, тие продолжуваат со крадењето и цвеќето го ставаат во најлонска ќеса, а мажот кој ги превезува, се качува во автомобилот и тие заминуваат.

Снимката е јавно објавена, а под неа е пишан коментар: „Цвеќињата кои ни го красат дворот на претпријатието во Кичево, каде денес направивте одмор-пауза, чинат по 150 денари. Дно, да се засрамите сите“.

Би можело да ве интересира

Четворица новозаразени од коронавирусот во Кичево

А1он

Во Кичево повредено едно лице од експлозија на плинска боца во возило

А1он

Двајца кичевци со хуман гест за младо момче со посебни потреби

Ана Ололовска

Во Кичево издадени 23 прекршочни платни налози за неносење маска

Ана Ололовска

Во Кичево приведени четворица млади, по меѓусебна физичка пресметка

Ана Ололовска

Во Кичево 39 лица фатени како не носат маски

А1он