ВИДЕО: Три илјади граѓани ризикуваат да не бидат запишани во Избирачкиот список

Од:

Државната изборна комисија ги повикува граѓаните да си ги подигнат изготвените лични документи од МВР, бидејќи во спротивно ризикуваат да не се најдат во Избирачкиот список.

Според неофицијални податоци од МВР, станува збор за 2-3 илјади лица. Според изборниот законик, ден по распишувањето на изборите, МВР треба да достави до ДИК податоци за Изборачкиот список. Од тие причини како што објаснија од ДИК, ги повикуваат граѓаните најдоцна до петок да ги подигнат своите патни исправи или лични карти за да не се доведат во ситуација да не бидат запишани во Избирачкиот список.

Од ДИК информираа дека се прават финални подготовки за претседателските избори и дека се подготвени и за организација на двојни избори во случај да се распишат и предвремени парламентарни.

,,Претседателските избори се редовни, за нив веќе имаме изготвено и детален оперативен план. Доколку се донесе одлука и за распишување на предвремени парламентарни избори, секако подготвени сме и за тоа. Имаме искуство со организирање на претходно два паралелни избори процеси. Подгответе се за фер и демократски избори”, порачаа од ДИК.

Избирачкиот список ќе биде ставен на увид пред одржувањето на изборите и во период од 20 дена граѓаните ќе можат да видат дали се запишани со точни податоци и ќе можат да ги променат податоците доколку е потребно.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија