(ВИДЕО) Тренчевска: Срамно и тажно е работниците да бидат принудени да протестираат барајќи нешто што го заслужиле

Од:

Власта на Мицкоски и ДПМНЕ го има најголем Буџет во историјата од 6 милијарди евра а не ги покачува платите на работниците во јавниот сектор. За што е тој буџет од 6 милијарди евра ако не за да се поддржат граѓаните и работниците? Очигледно за да се богатат функционерите на власт, за нивните плати, за коли, мебел, луксузирање на власта и задоволување на интересите на елитата. За удобност на власта но не и за поголеми плати за работниците. Системот за зголемување на платите, воспоставен од СДСМ е целосно напуштен од актуелната власт, што резултира со влошување на животниот стандард на работниците, изјави Јована Тренчевска – пратеничка на СДСМ.

– Тоа го потврдуваат и последните податоци од Државниот завод за статистика. Трошоците за живот се пораснати за 4,4% а цените на основните производи се зголемени за 4,3%. Граѓаните имаат се помалку пари во џебовите, работниците живеат се потешко. СДСМ бара власта да ги напушти овие погрешни политики и да ги покачи платите на работниците во јавниот сектор. Дополнително, недозволиво е поради неспособност на актуелната власт околу 1.000 вработени во јавниот сектор се уште да бидат оставени без плата. 988 вработени во инспекторатите власта ги остави без плата токму за празниците. Власта создаде хаос со измени во Законот за организација и работа на органите на државата управа. Со распределбата и создавањето на новите министри инспекциските служби власта ги стави под капа на министерствата и не се повеќе самостојни органи. Цела им беше само да им бидат под контрола работата на инспекциските служби а работниците ги оставија на маргините и целосно ги заборавија. Затоа луѓето немаат земено плата. Од јуни, кога беше усвоен Законот до сега, цели 7 месеци власта не успеа да најде соодветно решение, да обезбеди соодветни законски измени за да не дојде до ова. Тотално неспремни и неспособни. Вработените се збунети, не знаат ниту како ќе функционираат. Срамно и тажно е работниците да бидат принудени да протестираат барајќи нешто што го заслужиле, што им следува и што го заработиле. СДСМ е на страна на работниците и бара од Владата итно да преземе чекори за зголемување на платите во јавниот сектор, за потпишување на колективните договори и за решавање на проблемите – кажа Тренчевска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дали Инспекторатот за животна средина свесно ја излажал јавноста за цијанидот во Крива Река?

А1он

(ВИДЕО) СДСМ: Владата троши 400.000 евра за анкети за мерење рејтингот на Мицкоски

Влада: Засега немаме добиено барање од СДСМ за лидерска средба

СДСМ: Папаја за Владата – трошки за народот, срамна одлука за „зголемување на “ минималната плата од 1.800 денари

СДСМ: Ќе ги искористиме сите механизми за обезбедување неселективна правда и одговорност за трагедијата во Кочани

Јон Фрчкоски се повлече од позицијата директор на Центарот за истражување и анализи на СДСМ

А1он