(ВИДЕО) Тренчевска: ДПМНЕ не прифати ниту еден амандман на СДСМ за Буџетот – ова досега се нема случено

Од:

Власта на ДПМНЕ води политика на инает и не прифаќа ниту еден предлог на опозицијата за подобрување на животот на граѓаните, за поголеми плати, за почист воздух, за проекти низ општините. Ниту еден амандман на СДСМ во собраниската комисија ДПМНЕ не прифати, што досега се нема никогаш случено во историјата на македонското Собрание. Одбиени се амандманите за поголема плата за работниците. Одбиен се амандманите за покачување на платите на полицајците за 20%. Одбиен е амандманот за зголемување на платите на пожарникарите. Одбиен е амандманот за поголеми платите во образованието. Се што е предлог за покачување на плати го одбива. Мнозинството враќа моделот во кој работниците ќе бидат само евтина работна сила, изјави Јована Тренчевска, пратеничка на СДСМ.

– Според податоците од Државниот завод за статистика, животниот стандард на граѓаните се влошува, сиромаштијата расте. Четиричлено семејство има потреба од 62.021 денари месечно за основни трошоци. Сето ова се индикатори дека народот има се помалку пари во џебовите. Работниците, полицајци, наставниците, пожарникарите, заслужуваат почит, достоинство и фер плати. Од друга страна додека ДПМНЕ одбива амандмани за поголеми плати во исто време ги зголемува парите во буџетот за мебел и луксузни возила за функционерите. За нови возила ќе се потрошат 7,5 милиони евра, за нов мебел 1,5 милиони евра, за договорни услуги 80 милиони евра. За службени возила и луксуз за дури 75% од парите се зголемени. Тоа се приоритетите на новата власт.

Во исто време, владејачкото мнозинство ги одбива и амандманите за еколошки проекти во општините, за набавка на автобуси, за реконструкции на улици. Буквално се одбива секој предлог на опозиција за проекти кои се важни за граѓаните. Само неколку примери: Одбиен е амандманот за пречистителна станица во Валандово и колекторскиот систем во Дојран, одбиени се амандманите за набавка на еколошки автобуси, за улицата Ленинова, за намалување на загадувањето, за локални патишта до Демир Хисар, за клучката кај Брвеница….Пред нас е пленарната седница и апелираме власта да се вразуми, да го прекине овој политички инает и да ги прифати амандманите кои се во интерес на сите наши граѓани. Пратениците на ДПМНЕ треба партиските директиви да ги заменат со ставање на интересот на граѓаните на прво место, да покажат интегритет и да делуваат за граѓаните а не за партијата – нагласи Тренчевска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска до Мицкоски: Дали овој пат владејачкото мнозинство ќе го поддржи Законот за помош на настраданите од Кочани?

А1он

СДСМ: Ова е тажно – Oбвинителството е обичен инструмент за власта

А1он

СДСМ: Оперативниот план е само параван за нов бран на партиски вработувања на ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Тренчевска за Славески: Партиски послушник кој барањето за повисоки плати го нарекуваше „фолклор“

ВМРО-ДПМНЕ: Политички очаен потег е Филипче да ја напаѓа Велика Британија и да шири инсинуации во врска со договорот

Горан Наумовски

СДСМ достави документи до ДКСК: Бара постапка за тендерот во МВР