(ВИДЕО) Трајановски: Контрола врз загадувачите и редовно чистење на дивите депонии

Од:

Аерозагадувањето е сериозен проблем за здравјето на граѓаните, не само во Општина Аеродром, туку и на ниво на целото Скопје. Во зимскиот период, алармот за загаден воздух е многу висок. Нашите деца, повозрасните, хронично болните, сите ние ја чувствуваме оваа закана врз здравјето и квалитетот на живот, изјава за медиуми, д-р Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром.

https://www.youtube.com/shorts/IYBxS2_WUZQ

– Како општина, мораме да преземеме одговорност. Затоа, планираме контрола на загадувачите и редовно чистење на дивите депонии. Ќе воспоставиме континуиран мониторинг на сите регистрирани и потенцијални извори на загадување, со транспарентни податоци достапни за граѓаните. Паралелно, ќе понудиме субвенции за граѓаните кои ќе преминат на еколошки системи за затоплување, со што директно ќе се намали емисијата на штетни честички. Општината ќе вложи и во едукација: подигање на еколошката свест преку кампањи, работилници и училишни програми. Борбата против загадувањето е заедничка задача. Ќе покажеме дека локалната самоуправа може да понуди решенија, со ред, одговорност и вистински мерки, рече Трајановски.

Би можело да ве интересира

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана