ВИДЕО: Трајановски и Тодоровиќ на велосипеди

Од:

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Коце Трајановски и кандидатот за градоначалник на општина Ценатр, Владимир Тодоровиќ денеска го промовираa проектот за поголемо користење на велосипедот во Градот Скопје.

„Ние во изминатиот период, како Град Скопје, работевме на создавање на услови за возење на велосипеди по тротоарите на Градот Скопје, обележавме голем број велосипедски патеки за движење на велосипеди. Ние ќе го продолжиме овој проект за обележување на велосипедски патеки по тротоарите во Скопје, а притоа ќе се отстрануваат возилата кои се паркирани на одбележаните патеки.

– Ова е добар начин за промоција на велосипедот како алтернативно превозно средство, ако се земе во предвид се поголемата густина на возила во централното градско подрачје. Со поголемото користење на велосипедот ќе се намали густината на сообраќајот и користењето на моторни возила, нивното користење е подобро од здравствен и еколошки аспект”, рече скопскиот градоначалник Коце Трајановски.

Тој нагласи дека има одлична соработка со Општина Центар и со градоначалникот Тодоровиќ, како и со Владата на РМ во изградбата на катните гаражи во центарот на Скопје, со што се овозможува ослободување на тротоарите и велосипедските патеки од паркирани возила.

Би можело да ве интересира

Томислав Томашевиќ убедливо победи во Загреб со над 30.000 гласови повеќе од Марија Селак Распудиќ

Горан Наумовски

Анкети: Tрзасковски тесно води на претседателските избори во Полска со 50,17 проценти од гласовите

Горан Наумовски

Јадранка Косор: Сплит ќе биде мега победа за ХДЗ

Томашевиќ води во Загреб, Павличек прогласува победа во Вуковар, а Риека добива нов градоначалник

Излезноста на вториот круг од претседателските избори во Полска е поголема отколку пред пет години

Локални избори во Хрватска: Затворени гласачки места, ниска излезност