(ВИДЕО) Трајановски: Две нови градинки и проширување на капацитетите на постоечките во општина Аеродром

Од:

Еден од најголемите проблеми во нашата општина е недостатокот на слободни места во детските градинки. Родителите со години се соочуваат со листи на чекање за упис во градинка и преголеми групи на деца во градинките, изјави д-р Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром.

– Секое дете во Аеродром мора да има свое место во градинка. Тоа е еден од главните приоритети на кои ќе се посветам како иден градоначалник. Не нудиме неостварливи ветувања. Две нови современи детски градинки предвидовме за следните 4 години – една во Мичурин со капацитет од 300 деца и една во Ново Лисиче со капацитет од 150 до 250 деца. Овие градинки ќе бидат изградени по највисоки стандарди, со енергетски ефикасни објекти, целосна пристапност за лица со попреченост и со современи услови за престој, воспитание и игра. Со тоа отвораме повеќе од 450 нови места за децата во Аеродром, а дополнително проширување на постоечките градинки конечно ќе го решиме долгогодишниот проблем со недостигот на капацитети во градинките. Нашата цел е ниедно дете во Аеродром да не остане без место во градинка. Заедно се бориме за нашиот дом, рече Трајановски.

Би можело да ве интересира

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана