ВИДЕО: Топузова – Каревска си седна во фотелјата, Грчева и Буралиева не се појавија

Од:

Пратеничката Роза Топузова – Каревска седна во пратеничката фотелја иако не се знае кого го претставува. Од матичната партија ЛДП се оградија од нејзините активности, објаснувајќи дека таа не може да ги застапува интересите на партијата ниту на опозицијата, по нејзината одлука за прифаќање пратеничкиот мандат.

И покрај најавите за враќање во Собранието, сепак, на седницата за избор на нова Влада не се појавија Љубица Буралиева и Солза Грчева од редовите на СДСМ, кои до последен момент се предомислуваа и го менуваа нивниот став дали ќе се појават денеска во законодавниот дом.

Во текот на вчерашниот ден, Буралиева на својот фејсбук ја сподели својата најнова одлука – дека сепак се откажува од пратеничкиот мандат, за што има и потпишано оставка.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on