ВИДЕО: Тодоровиќ не ја пријавил неговата фирма во Бугарија

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Центар и сопственик на Тинекс маркетите, Владимир Тодоровиќ има фирма во Бугарија која не ја пријавил во антикорупциската комисија.

Според изводот од трговскиот регистар во Бугарија, Тодоровиќ во 2009 година во Бугарија основал фирма ТИНЕКС БГ, со капитал од 5000 лева и со седиште во таа земја.

-Извадете го централниот регистар. Во целост не се точни наводите, извадете го бугарскиот централен регистар. Промените не се таму направени, изјави Тодоровиќ, на промоцијата на изградбата на фискултурна сала во скопското училиште „Гоце Делчев“.

Подоцна Тодоровиќ реагираше со соопштение.

-Согласно Законот за спречување на корупција Член 34, Обврска За пријавување промена во имотната состојба имаат избрани и наименувани лица само за секое ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ИМОТОТ во вредност што надминува износ од 20 просечни плати во претходниот три месечен период на ниво на држава. Фирмата која е регистрирана во Бугарија е регистрирана без основачки влог, И НЕ Е АКТИВНА ,согласно гореспоменатиот член за истата немам обврска да ја пријавам во Државната комисија за спречување на корупција, вели Тодоровиќ.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“