ВИДЕО: Тинејџер пали шума и го снима пожарот

Од:

Тинејџер – пироман од Скопје со запалка потпалува грмушки и го снима пожарот кој го предизвикал, фалејќи се со своето „дело“ на социјалните мрежи.

Од видеото не може да се види за која локација станува збор, а истото е споделено на „Тик Ток“, апликација каде младите најчесто објавуваат забавни видеа.

Корисниците на социјалните мрежи масовно го споделуваат видеото од пироманот, со надеж дека институциите ќе го истражат случајот.

На неговиот профил на „Тик Ток“ јасно се гледа неговото лице, па оттаму полицијата лесно би можела да го лоцира.

Шумските пожари се честа појава во летните месеци низ Македонија, а минатото лето најголем беше пожарот на влезот во Велес, кај езерото Младост.

Причинител за пожарите најчесто е човечкиот фактор.

Би можело да ве интересира

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он

(ВИДЕО) Огнена стихија во театар во Нeапол – има повредени

(ВИДЕО) Пожар пеплоса хотел во Унгарија, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Заврши истрагата за пожарот во Визбегово – обвинети се три физички и едно правно лице

Ученичка од осмо одделение запали училница, со чекан тепаше деца, хорор сцена во училиште во Русија

Пожар во Еврејска болница во Берлин, неколку лица се повредени, уапсен е пациент