(ВИДЕО) Тимотеј: Во Октиси се изманипулирани од радикални структури

Од:

Владиката Тимотеј пред заминување од Октиси рече дека овие луѓе биле изманипулирани од страна на радикални структури кои не биле својствени на македонскиот ислам.

-Лично мислам дека е инволвирана некоја трета страна. Овие луѓе се изманипулирани од страна на некои радикални структури нешто што не е својствено на македонскиот ислам. Има ли радикален ислам во околината на овие села? Јас не сум стручњак да можам да тврдам дали има или нема, но мислам дела ова е плод на такво нешто, рече Тимотеј.

-Црквата никогаш не употребувала сила и нема да употребува. Неоспорно е дека вие како жители на Октиси сте онеправдани, но зедовме обврска да работиме, да се сретнеме повторно и овој проблем кој подолго време тлее меѓу христијаните и муслиманите да го надминеме преку политички дијалог на демократски и достоинствен начин како што доликува и на муслиманите и на христијаните. Не можеме со сила да правиме убавина. Ова место нема да го загубиме, додаде Тимотеј.

Би можело да ве интересира

Пламна голем пожар во атарот на струшкото село Октиси

Митрололитот Георгиј устоличен на тронот на Дебарско-кичевската епархија

Игуменот Георгиј е нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Горан Наумовски

ВМРО-НП: Дали Македонската православна црква го слуша гласот на своето стадо или работи по диктат од надвор?

Струмичка православна епархија: Измамничка шема на профилот на Библиска Македонија

Српскиот патријарх Порфириј: Одлуката за МПЦ беше најспасоносна и најдобра, и за нив, и за нас, за сите

Предраг Петровиќ