(ВИДЕО) Тимоние: Лажни беа ветувањата дека ќе има награда за Преспа, европската агенда е друго прашање

Од:

Францускиот амбасадор Кристиан Тимоние денеска на прес-конференција директно посочи дека одговорноста за недобивање датум е кај тие држави кои давале нереални ветувања на земјава и Албанија.

„Од објективна проценка на агенда се премина на награда за постигнат договор, и така од фундаменталните аспекти се најдовме со прашања од геополитичка гледна точка. Тоа не беше француската гледна точка. Преспанскиот договор можеби е предуслов, но европската агенда е друго прашање. Тоа беше секогаш јасно кај француската страна и таа беше пренесена кај грчките и македонските соговорници. Не значи дека тоа не е важно, но имаше чудно преместување на критериумите кое повеќе беше маркетинг, можам да ги разберам емоциите, можам да го почувствувам разочарувањето, но ова се политички разговори за иднината на ЕУ“, рече Тимоние.

На прашање дали само Франција не можела да ги види реформите во земјава за разлика од сите други членки, амбасадорот Тимоние одговори дека нецелосно е пренесено размислувањето на Макрон.

-Макрон многу јасно кажа дека има сопствена анализа која е поразлична од другите партнери, но работите не се јасни како што беа презентирани, можеби тука набрзина беа презентирана како француско вето. Имаше сложена дискусија и тоа беше кажано во рамки на состаноците. Имаше различни ставови за Албанија и Северна Македонија, дали да се поврзат или не, и тиа завршија преку француско-германски предлог кој не беше усвоен.

Би можело да ве интересира

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија

Русите го фалат Орбан – ЕУ подготвува „Шарена револуција“, сакаат да го соборат

„Политико“: Операцијата на САД против Иран го одвлече вниманието на ЕУ од Украина

Русија: Целта на ограничувањето на руската мисија во ЕУ е да се попречат дипломатските напори

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија