(ВИДЕО) Тевдовски: Груевски го призна мизерното ниско ниво на плати!

Од:

„Никола Груевски самиот го призна мизерно ниското ниво на плати во Македонија. Зарем после 14 години власт од 25 години независност на државава, не му е срам да излезе на говорница и да зборува дека нашиот граѓанин троши во просек едвај двеста евра месечно!

Досегашното земање од сиромашните за да се полнат џебовите на малата група луѓе на власт мора да сопре!

Главната битка на нашиот План за живот во Македонија ќе биде за раст на платите. Но, ние предвидуваме и серија на мерки со кои што ќе ги вратиме парите кон граѓаните или ги намалуваме трошоците за секое семејство.

На секој граѓанин ќе му се вратат по 15% од платениот ДДВ, со исклучок на данокот купување на луксузни производи.

За да обезбедиме пониски сметки за струја, ја враќаме дневната евтина тарифа на струјата и ќе има евтина струја цел викенд.
Воведуваме праведност во плаќање на јавните давачки, како на пример за градинка. Тие што имаат помалку плаќаат помалку. Оние со најнизок доход, воопшто не плаќаат.

Ја укинуваме радиодифузната такса и нема повеќе блокирани сметки поради неа.
Воведуваме студентска платежна картичка за млади! Обезбедуваме попусти за меѓуградски превоз, за спортски и културни настани.

Им помагаме на најзагрозените. Обезбедуваме енергетски ваучери за струја и затоплување!

Ќе извршиме гасификација на Македонија, која ќе обезбеди до 50% помали енергетски трошоци за секое семејство.

Ќе го намалиме надоместокот за извршувањето. Судските адвокатски, нотарски и извршителски трошоци нема да можат да бидат повисоки од 20% од спорот, а кумулативот на каматите нема да смеат да бидат повисоки од 50% од долгот, за сите семејства чии просечен месечен приход е понизок од една просечна месечна плата.

Ќе ја намалиме цената на зелениот картон за возилата.

Ние парите ќе ги насочиме кон граѓаните! Во секој семен буџет на крајот од годината ќе има уште по една плата плус“, изјави Драган Тевдовски, претседател на Комисијата за економија на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Спасовски: Без трошка емпатија, ВМРО-ДПМНЕ гласаше против Анкетна комисија за Кочани

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Исти криминални шеми, иста банда – СДСМ бара Обвинителството да постапи за скандалот од девет милиони евра

Горан Наумовски

Раководството и сите членови на Извршниот одбор на СДСМ поднесоа оставки

А1он

Филипче најави парцијално освежување на тимовите во делот на раководството на СДСМ

А1он

(ВИДЕО) Огњеновиќ: СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендерите од девет милиони евра, заедно со сите докази

Горан Наумовски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски