ВИДЕО: Тензично судење за „Меѓународен сојуз”, расправии помеѓу Боки 13 и судијката за пораките од телефонот

Од:

Судот самостојно си ги гледал доказите кои не биле изведени, обвини Сашо Дуковски, адвокат на Бојан Јовановски-Боки 13, Миле Јовановски и асистентката. Според него, судијката Софче Гаврилова-Ефремова, притапила до материјали од телефонот на Боки 13, ги гледала, без да се побара тоа од адвокатите, обвинетите, обвинителот. И за тоа, рече дека е незаконски.

Текот на судењето беше тензично, со дерење, надвикување, лупање. Боки 13 и Дуковски ѝ укажуваа на судијката дека не може да се најдат пораките помеѓу него и функционерите, што биле на телефонот кој беше одземен. Судијката, пак, убедуваше дека не е така. Таа донесе лаптоп, со ИТ-вработен во судот. Кога го отворија дискот, следеше жестока реакција од Боки 13 рече: „Оваа постапка е незаконска”. По ова, судијката Гаврилова-Ефремова го опомена адвокатот Дуковски и Боки 13, дека ќе ги избрка, ако продолжат да зборат без да добијат збор.

Дуковски по судењето рече дека Боки 13, неговиот татко Миле Јовановски и асистенката Кристина Блажевска не дадоа одбрана само бидејќи не се изведени доказите од телефонот и на распит не се повикани посочените сведоци, од кои најголемиот дел се ексфункционери од Владата.

„Причините се едноставни, не сакаме да дадеме легитиметет на судот. Нема исказ без изведени материјални докази. Тоа е единствената причина зошто не дадовме исказ. Мора да прифатите дека не се браниме со молчење, туку дека бараме материјалните докази да се изведат па потоа ќе се даде исказ”, кажа Дуковски.

Од него следуваше и жестока реакција бидејќи судијката го отвори дискот со материјали без барање од странките.

„Ова што денес се случи е незабележано, повторувам со големи бувки. Ова е незабележано во судска пракса, надвор од главна расправа, судот сам, со кујзнае кого, веројстно некои ИТ техничари, отворил интимен материјал кој може да го отвора без предлог од обвинител, самостојно. Се обидува да се ретерира дека судот не отворил и извршил увид, ама видовте на екранот. Не е точно дека судот треба да се запознае со материјалите, тие треба да се непознати за него се додека не се изведат. Ако не се изведат како ќе ги изведе во судска канцеларија?“, кажа Дуковски.

Судењето продолжи со одбрана на обвинетата Јасна Ерцеговиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Боки 13 во „Меѓународен сојуз“: Измамник не враќа пари, бара земјиште, склучува договори – не сум виновен

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Ременски негира вина во „Меѓународен сојуз“, ја обвини обвинителката Трајчева за злоупотреба на службената положба

Кристијан Ландов

Адвокатот на Јовановски тврди дека се невини: Ај вие со измама земете му на Силјан Мицевски пари, да видиме дали ќе ги добиете

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) „Меѓународен сојуз“: Пеливанов побара Боки 13, Ременски, Ерцеговиќ и остантите да бидат осудени

Кристијан Ландов

Што кријат пораките на Боки 13 со осум високи функционери, судијката треба да одлучи дали ќе се читаат

Кристијан Ландов

Боки 13 бара да ја разрешат судијката: Му ја коментирала облеката, била хистерична, врескала, го мразела

Кристијан Ландов