(ВИДЕО) Тензично пред медицинското училиште: Се туркаа родители и ученици, не сакаат приемен испит

Од:

Поголема група на родители и ученици направија турканици пред влезот на средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“.

Тие негодуваа затоа што им соопштиле дека поради големиот интерес учениците треба да полагаат приемен испит. Се туркаа на вратата, довикуваа и бараа да разговараат со одговорните од школото. Родителите бараа наместо квалификационен тест да отворат уште една паралелка за насоката „медицинска сестра“ за да можат да се запишат сите.

„Ако можеа да дозволат уште една паралелка без тест во гимназијата „Орце Николов“, зошто да не дозволат и тука и овде сите ученици се со одличен успех“, изјави еден од насобраните, револтирани родители.

На собирот најголемиот дел носеа маски, но немаше дистанца помеѓу луѓето. Интервенираше и полициска екипа и обезбедувањето кое некако успеа да ја смири ситуацијата.

Тензијата траеше повеќе од два часа, по што учениците сепак влегоа на тестирање. Проблемот се јави откако во ова училиште се пријавиле над 160 ученици за насоката „медицинска сестра“ на албански наставен јазик, а треба да се примат 102 ученика во три паралелки.

Би можело да ве интересира

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Од 27.600 ученички места за упис во прва година средно образование, 7.900 се слободни за гимназии, а 18.000 во стручни училишта

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on

(ВИДЕО) Николова: Предложените реформите се без јасна стратегија за развој и модернизација на образованието