(ВИДЕО) Тасевска: Започнува исплатата на парите за пензионерите од пакетот антикризни мерки

Од:

Започнува исплатата на финансиската поддршка за пензионерите со новиот пакет антикризни мерки вреден 662 милиони евра. Над 187.000 пензионери со пониски пензии може да ги очекуваат парите на своите сметки, директно, без да аплицираат. Во наредните 5 месеци пензионерите со пензија до 14.000 денари добиваат вкупно 15.000 денари финансиска поддршка. Пензионерите пак со пензија од 14.000 до 16.000 денари добиваат 10.000 денари поддршка, изјави Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ.

– Нашите сограѓани, пензионери со пензии меѓу 16.000 и 19.000 денари во следните 5 месеци, добиваат поддршка од 7.500 денари. Со СДСМ пензионерите добиваат повеќе. Тоа е нашата грижа за сите, со СДСМ има повеќе за сите. Ние мислиме за секого, не носиме популистички предизборни решенија туку системски решенија кои имаат ефект на долг рок. Еве и зошто. Во изминатиот период СДСМ со системски решенија и нова методологија ги покачи пензиите во просек 5.000 денари, споредбено со времето кога владееше ДПМНЕ.

Просечната пензија денес изнесува 20.100 денари што е за 6.400 денари повеќе во однос на 2016 година, кога на власт беше ДПМНЕ. Минималната пензија денес изнесува 13.150 денари и таа е за речиси 50% поголема од времето на ДПМНЕ. Пензионерите со СДСМ се почитувани, и го добиваат тоа што им е заслужено, ние креираме политики за спокоен живот на нашите повозрасни сограѓани – рече Тасевска.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски