(ВИДЕО) Тасевска: За 10 месеци отворивме 13 детски градинки, ги зголемивме платите за воспитувачките и негувателките

Од:

„Грижата за најмладите, за децата, е врвен приоритет на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев.

Тоа го потврдува и фактот дека од септември 2020 година до сега, за само десет месеци отворивме 13 нови детски градинки, а со тоа го зголемивме капацитетот на сместување за 840 деца“, рече Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ.

„До крајот на оваа година ќе бидат отворени уште 12 нови градинки и со тоа капацитетот ќе се зголеми за дополнителни 1.390 места.

За нас секое дете е еднакво важно, затоа подеднакво инвестираме во нови објекти за детска заштита и во урбаните и во руралните средини.

За прв пат децата од општините Босилово, Кондово, Брвеница, Прдејци, Разловци, имаат можност да посетуваат градинка во своето место на живеење.

Со вакво темпо, се приближуваме кон исполнувањето на нашето ветување пред граѓаните , а тоа е опфат на 60% од децата во предучилишно воспитание и образование.

Со посветена работа, веруваме дека до крајот на мандатот ќе успееме да го постигнеме овој процент.

Покрај изградбата на нови детски градинки, реконструкција и проширување на постоечките објекти и нивно опремување, истовремено, вложуваме и во јакнење на компетенциите на стручниот кадар, кој се грижи за нашите дечиња.

Затоа што тие директно придонесуваат во правилниот раст и развој на секое дете во посебна индивидуа.

Го вративме достоинството на професијата воспитувач која што беше заборавена години наназад. Ги покачивме платите на вработените во детските градинки во нашата држава за 21%, коешто е најголемо до сега.

Инвестирањето во најмладите е инвестирање во нашата иднина, затоа што тие се нејзини градители. Секој влог во нашата младина е влог за подобро утре на секој од нас и нашите идни генерации.

Затоа, продолжуваме посветено да работиме на унапредување на раниот детски развој којшто е клучен за понатамошниот развој на секое дете“, изјави Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“