(ВИДЕО) Тасевска: СДСМ обезбеди рекордна државна поддршка од 100 милиони евра за домашните компании

Од:

Резултатите од економските политики на СДСМ се отсликуваат и во трендот на зголемување на домашните инвестиции. Во изминатите шест години СДСМ обезбеди рекордна државна поддршка од 100 милиони евра за домашните компании, преку законот за финансиска поддршка на инвестициите. Досега се поддржани 919 македонски компании. Овие компании веќе имаат реализирано инвестиции од 500 милиони евра, а уште 300 милиони се во фаза на реализација во наредниот период, изјави денеска Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ.

– Тоа се 800 милиони евра инвестиции од страна на македонските компании, што претставува инвестициски бум од домашни компании каков што досега не е забележан. Она што е особено важно, овие домашни компании обезбедуваат отворање на нови и добро платени работни места, со плати над просечните. Ако невработеност во време на ДПМНЕ, во 2016 година била речиси 24%, денес е ниво под 14%. Дополнително, за само една година, имаме зголемена вработеност од 9,5% во државата. Македонската економија е стабилна, расте и во време на глобални кризи. ММФ ги подобри проекциите за раст на македонската економија а Светска банка потврди дека владините мерки доведоа до едноцифрена инфлација која и понатаму ќе се намалува. Потенцијалот на македонската економија за раст ќе се зголемува како што земјата се приближува кон ЕУ преку реформскиот пат за структурни реформи и јакнење на економијата – истакна Тасевска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски