(ВИДЕО) Тасевска: Преку дијалог до решенија, СОНК да се врати на разговорите, прекин на наставата не е добро за децата

Од:

„До решенија е можно да се дојде само преку дијалог, без било какви уцени. Разбирлива е потребата од достоинствено вреднување на трудот на секој работник, секако и на наставниците. Правото на штрајк е уставно загарантирано право, но исто така уставно загарантирано е и правото на образование“, рече Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ.

„Апелираме СОНК да се врати на дијалогот, да продолжат разговорите, наставниците да се водат од интересите на учениците кои се иднината на нашата држава. Да не се дозволи штрајкот да влијае на прекин на образовниот процес или на продолжување на учебната година.

Прекин на наставата ќе го наруши наставниот процес, ќе доведе до работни саботи или пролонгирање на учебната година и пократок летен распуст затоа што програмата на часови мора да биде остварена.

Исто така тоа негативно ќе се одрази и на уписите, на полагањето државна матура, но и на полагањето стручен испит за околу петстотини наставници. Тоа е на штета на воспитно образовниот процес, на штета на учениците, на матурантите. Затоа и УНИЦЕФ предупреди дека децата не можат да си дозволат дополнителен прекин во наставата“, изјави Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?