(ВИДЕО) Тасевска: Инвестираме во подобри услови за детскиот раст и развој, градиме нови, европски градинки

Од:

„Грижата за децата, подобрување на условите и можностите за ран детски развој е приоритет на Владата предводена од СДСМ. Проектите со кои инвестираме во нови, модерни, европски градинки, во подобри услови за секое дете за раст и развој, се нашиот влог во иднината на државата“, рече Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ.

„За пет години се изградени, реконструирани и доградени 69 детски градинки низ целата држава, со што опфатот на деца го зголемивме за 4.300 дечиња. Само во последните 5 дена, пуштена е во употреба нова детска градинка во Боговиње и нов објект во Крива Палнака со што овие бројки продолжуваат да растат.

Со проширување на градинката Детелинка во центарот на Крива Паланка се обезбедува предучилишно образование и воспитание а вкупниот капацитет се зголемува на 200 деца.

Жителите на Општина Боговиње за прв пат добиваат нова градинка, во која ќе бидат згрижени 87 дечиња.

Новите градинки се изградени по највисоките стандарди, на децата им се обезбедени одлични, современи услови а објектите се енергетска ефикасни.

Освен во објекти, во изминатиот период се вложува во јакнење на капацитетот на стручниот кадар во детските градинки.

Решен е недостигот на вработени во предучилишните установи, преку обезбедување на решенија на неопределено време за над 2.000 воспитувачи.

Платите на вработените во градинките од 2017 година се зголемени за вкупно 36 отсто, а со ребалансот на Буџетот се обезбедени средства за повисоки плати во образованието.

СДСМ и во услови на светска економска криза продолжува со вистинска грижа за раст и развој на децата и подобрување на условите за сите граѓани“, изјави Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ

СДСМ: Дилот ВМРО – ДУИ му донесе куќен притвор на Груби

Горан Наумовски

СДСМ: Куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кузеска за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски!