(ВИДЕО) Тасевска: Инвестираме во инфраструктурата, 70 милиони евра за поврзување на локални патишта

Од:

„Проектот на Владата предводена од СДСМ, за поврзување на локални патишта во општините со вкупна вредност од 70 милиони евра, опфаќа реализација на проекти во локалната патна мрежа во општините и градот Скопје во вкупна должина од 450 километри локални улици. Преку овој проект, со поддршка на Светска банка, досега се инвестирани 23 милиони евра за изградба и реконструкција на 93 локални улици во 44 општини и Град Скопје“, рече Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ.

„Инвестициите во патната инфраструктура го подобруваат квалитетот на животот на сите граѓани, а особено сега во време на најголемата светска криза, кога има лимитирачки фактори во градежништвото, го зголемуваме капацитетот на општините и вбризгуваме повеќе финансиски средства во економијата.

Меѓутоа, овој проект беше блокиран поради лицемерието и неодговрноста на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието цела година го блокираа Законот за заем од Светска банка за поврзување на локалните патишта. Но по локланите избори и по преземањето на голем број општини од ВМРО-ДПМНЕ истите пратеници притискаа тој да се донесе што побрзо.

На ВМРО-ДПМНЕ и и на шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски, им се важни само личните, а не интересите на граѓаните.

Тоа јавно го покажаа со нивните меѓусебни кавги во Град Скопје за тендери, провизии и бизнис влијанија.

Граѓаните знаат кој работи за нивните интереси, а кој блокира и опструира се што е добро за државата и за граѓаните“, изјави Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Орбановите автобуси победија на тендерот во Скопје

(ВИДЕО) Илијоска: Невремето ги опустоши струмичките посеви, а Владата не презема ништо – итно да ги обештети земјоделците

СДСМ: Тимчо Муцунски нè убедува дека сме „портата кон Европа“ – а не слепо црево

СДСМ: „Печатна грешка“ со коњ со пет нозе – Орце и ВМРО-ОКГ ја покажаа својата неспособност

СДСМ: Граѓаните чекаат на граница, функционерите на ВМРО-ДПМНЕ минуваат по привилегирана лента

(ВИДЕО) Извештајот на ЕК е аларм за состојбите во правосудството, вели Наумоски