(ВИДЕО) Таравари: Не се враќам на министерската позиција

Од:

Актуелниот министер за здравство изјави дека нема да се врати на позицијата доколку изгуби во трката за градоначалник за Гостивар. Тој вели дека до последен момент не знаел дека неговото име ќе се најде на кандидатската листа.

Таравари се надева дека Алијансата за Албанците ќе го задржи Министерството за здравство, но вели дека ако не освојат ниту едно градоначалничко место или ако освојат малку гласови, во тој случај не заслужуваат да бидат дел од Владата.

– Најодговорно тврдам дека ако не ме изберат за градоначалник, ќе бидам достапен за кој било иден министер. Министерските фотелји се менливи, можеше да има реконструкција на Владата за два месеца и партијата на Таравари, ако е слаба, да се повлече од Владата… Така треба да ги сфатиме работите. Јас ќе инсистирам да остане кабинетот, овде луѓето работат беспрекорно, да не ги направиме грешките од претходно, рече Таравари.

Тој ги отфрлува обвинувањата дека партиските цели ги ставил пред професионалните, а негира и дека ја употребил министерската позиција за себепромоција.

– Не е точно дека сум ја искористил позицијата како министер. Јас до вчера не знаев и не планирав да се кандидирам. Првите проблеми ги имав со моето семејство и пријателите. Но, некогаш мора да прифатиш. Одлуката ја донесовме вчера кога ги видовме бројките од анкетите од релевантна агенција. И претседателот на партијата, Зијадин Села, ќе се кандидира за градоначалник на Струга. Ако некој треба да се жртвува, тоа сме ние кои ја создадовме партијата, смета Таравари.

На прашањето дали очекува поддршка од СДСМ за нивните кандидати или стравува дека тие ќе ги поддржат кандидатите на ДУИ, Таравари вели дека имаат коректен однос со сите партии, но не знае како тие ќе гласаат на изборите.

Во однос, пак, на почнатите проекти во здравството, Таравари вели дека ќе инсистира некои од нив да продолжат.

Г.Н.Р

Би можело да ве интересира

Таравари: Македонија нема друга алтернатива освен влез во Европската Унија

Горан Наумовски

Таравари: Ако граѓаните треба да гласаат по втор пат за неполна година, останувам градоначалник

Предраг Петровиќ

Таравари: Бранот промени не може да се запре, ДУИ го прифаќа резултатот од прегласувањето

Таравари: Се уште немам решено дали ќе бидам министер за здравство

Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за идно коалицирање и заедничка соработка

Горан Наумовски

Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него

Орце Костов