(ВИДЕО) Таравари: Чекаме понуда од Заев за можен влез во Влада

Од:

Арбен Таравари не исклучува влез на Алијансата на Албанците во Владата на Заев, но тоа зависи од тоа дали ќе добијат понуда. Тој денес присуствуваше на конгерсот на едното крило на БЕСА, предводено од Биљал Касами, а вели дека би соработувале со двете крила, но и со македонските партии.

„Алијанса на Албанците е првата опозициска и најголема албанска политичка партија. Ние разговараме со сите пратеници и пратенички групи. Немаме конкретна понуда. Ако има понуда од Заев, за влез во Владата, партијата ќе разгледа“, вели Таравари.

Градоначалникот на Гостивар, коментирајќи ја одлуката на Министерството за образование и наука и ставот на министерката Рената Десковска, да му се одземат правата за именување и разрешување директори во средни и основни училишта, вели дека тој го разбира СДСМ, зошто бил под стегите на ДУИ. Таравари останува на ставот дека одлуката е политичка, а пак неговото делување е согласно прописите со цел деполитизирање на образовните институции во општината.

К.Ландов

Би можело да ве интересира

Алијанса за Албанците: ВРЕДИ што поскоро да се повлече од оваа екстремна влада против Албанците

А1он

АА: Азир Алиу излажа155 здравствени работници

Алијанса за Албанците: Изјавите на Мицкоски се скандалози и се провокација кон чувствата на Албанците

Алијанса за Албанците: Ги избравме тројца кандидати за градоначалници за Струга, Дебар и Арачиново

АА: Таравари и Рамадани биле пречка за вработувањата во здравствениот систем

AA: ВМРО предлага вработувања во полицијата “без оглас” и “без правична застапеност”, ВЛЕН ги брани